Одложени двете собраниски седници

Одложени двете собраниски седници

Од Собранието на Македонија информираат дека се одложуваат за денеска закажаните 86. и 88. седница, но не ги наведуваат причините.

Неофицијално од СДСМ денеска не се појавиле на редовната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, во знак на револт оти Џафери го проби рокот и не го стави на гласање одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски.

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири претпладневно на „Фејсбук“ праша зошто Џафери и ДУИ, го спасиле нивниот побратим Трајко Вељаноски.

„Го спасија за да ги „спаси” некогаш ВМРО нив или? Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија. ДУИ 2014 = 153.000, ДУИ 2016 = 86.000, ДУИ 2019 = …“ – напиша Зекири на социјалните мрежи.

На денешните седници меѓу другото требаше да расправа за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …