Еколошка акција „Еко Прилеп“

Еколошка акција „Еко Прилеп“

По повод одбележувањето на Денот на пролетта и Денот на екологијата, утре четврток 21. март, Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“  организираат еколошка акција „Еко Прилеп“.

Со акцијата предвидено е чистење и пошумување во повеќе делови од градот и непосредната околина и истата има за цел активно вклучување на јавниот и приватниот сектор од Прилеп. Почетокот на еколошката акција „Еко Прилеп“ е во 08.00 часот. Во рамките на акцијата предвидено е да се засадат околу 150 листопадни и зимзелени садници на парковските површини на Могилата на непобедените, во централното градско подрачје и во паркот кај судот. Чистењето и пошумувањето ќе се врши на следните локации:

– Темелно чистење на  Паркот на револуцијата

– Чистење околу  новите градски гробишта

– Чистење околу старите градски гробишта

– Чистење по двете страни на патот за Волково

– Чистење по патот за Селце и Манастир „Св. Димитрија“

– Чистење по патот од  салон „Анита“  до депонија „Алинци“

– Засадување на дрвја и зимзелени растенија кај Могилата на непобедените, во централното градско подрачје и во паркот кај Основниот суд

– Чистење на патот за езеро од двете страни , попатно чистење на три диви депонии и една депонија наспроти некогашниот мотел

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …