Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС денеска ја издаде третата дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на „Заваровалница Триглав“ ДД Љубљана, Република Словенија, информираат од таму.
„Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условни одобренија број 03-01 за управување со задолжителен пензиски фонд и број 03-02 за управување со доброволен пензиски фонд на „Заваровалница Триглав“ ДД Љубљана, Република Словенија. Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија. Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови“, се вели во соопштението.