Во 2021 година ќе се укине зимското и летното сметање на времето

Во 2021 година ќе се укине зимското и летното сметање на времето

Европскиот парламент денеска изгласа укинување на летното и зимското сметање на времето, односно промената на времето двапати годишно. Според одлуката, во 2021 година за последен пат ќе се случи корекција на времето, а потоа сите членки на ЕУ коишто планираат засекогаш да останат на летното сметање на времето, ќе треба за последен пат стрелките на часовникот да ги поместат во последната недела од март 2021 година, а оние коишто ќе одберат зимско сметање своите часовници за последен пат ќе ги поместат последната седмица од октомври 2021 година.

Идејата за заштеда на енергија со менување на времето на часовникот беше спроведена во Германија во 1916 година, а подоцна и во многу други европски земји. Во моментот 64 земји во светот користат летно/зимско сметање на времето.

Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …