Заев: Успех е кристално чисти и фер избори, Пендаровски е идниот претседател

Заев: Успех е кристално чисти и фер избори, Пендаровски е идниот претседател

-На претстојните претседателски избори треба да покажеме демократска зрелост и одговорност пред државата, граѓаните да го искористат правото на глас, а изборите да бидат беспрекорно чисти – порача Заев од синоќешниот ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додавајќи дека за него успех е изборите да бидат кристално чисти и фер, без бојкот од опозицијата.

-Успех за мене се изборите да бидат кристално чисти, фер, регуларни. Одиме кон Европа, да се однесуваме европски. Победата на заедничкиот кандидат Стево Пендаровски е потврда за владините политики, потврда дека одиме заедно напред, сето друго е враќање кон темното минато, враќање кон поделбите и блокадите во државата, изјави Заев.

Претседателот на СДСМ Заев, го повика Мицкоски да одговори дали е против бојкот на изборите.

-Ред е Мицкоски да каже став, еден одговор, дали е против бојкот на изборите во вториот круг и дали ќе понесе одговорност. Ако не го соопшти јасно тој став, ако не повика на масовна излесност, на фер и демократски избори, значи борбата е неговата фотеља, рече Заев.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …