Голем пожар ја зафати Преспа, гори националниот парк Галичица

Голем пожар ја зафати Преспа, гори националниот парк Галичица

Голем пожар го зафати Преспанскиот регион, туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица. Пожарот до сега зафати околу 300 хектари шума, овоштарници и трска по крајбрежјето.

„Цела Преспа е во пламен. Гореше кај Отешево, Сирхан, прво трската околу езерото, а потоа ветерот го префрли огнот преку асфалтираниот пат и ја зафати шумата. Се движи кон Националниот парк Галичица. Немаме струја, се запали и далековод“, раскажува за СДК сопственик на вила во Сирхан.

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски вели дека за сега ситуацијата е стабилизирана.

Моментално ситуацијата е, можам да кажам, релативно стабилизирана. Во теков на денешниов ден на повеќе локации во Преспа и општина Ресен се појавија пожари и најкритични беа пожарот кој го зафати националниот парк Галичина, како и пожар од другата страна на Преспанското езеро кон Маркова нога, односно реонот на селото Долно Дупени, ни изјави Гошаревски.

Во гасењето на пожарите се вклучени пожарникарите од противпожарната единица во Ресен со сите пет возила со кои располагаат, вели Гошаревски. Во гасењето учествувале и противпожарните единици од Битола и Охрид.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …