СДСМ: Се врати ли Мицкоски од ,,транзитното" патување преку Будимпешта за да одговори дали се сретнал со Груевски?

СДСМ: Се врати ли Мицкоски од ,,транзитното” патување преку Будимпешта за да одговори дали се сретнал со Груевски?

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на “транзитно” патување преку Будимпешта.

Доколку се вратил Мицкоски од “транзитното” патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски?

Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?

Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување?

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …