Градоначалникот Христоски дел од бизнис форумот на македонски и чешки стопанственици

Градоначалникот Христоски дел од бизнис форумот на македонски и чешки стопанственици

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски вчера беше дел од бизнис форумот на македонските и чешките стопанственици, пред кои ги претстави можностите за инвестирање во општина Крушево.

Христоски разговараше за условите за инвестирање во Крушево во производствени погони и отворање нови работни места, како и искористување на потенцијалите на општината со помош на бизнис мерките на Владата.

„Го претставив она што ние како општина го нудиме, нашата подготвеност и отвореност за соработка и воспоставивме едно пријателство кое верувам ќе резултира со инвестиции во Крушево и отворање нови работни места. Ќе продолжиме да соработуваме со амбасадата на Чешка во Северна Македонија, за преку нив подетално да ги запознаеме со условите за работа во Крушево“, изјави градоначалникот Христоски.

Целта на бизнис форумот е да асистира во склучувањето партнерства за зацврстување и интензивирање на деловната соработка меѓу двете земји.

Општина Крушево ќе ги претстави своите можности и пред заинтересираните грчки компании, чии претставници вчера ја посетија нашата држава.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …