Итната помош доби 12 нови возила – 6 од нив се за Скопје

Итната помош доби 12 нови возила – 6 од нив се за Скопје

Министерство за здравство информираше дека капацитетот на Итната помош е зајакат со 12 нови возила.

„Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив. Инаку, при набавката на амбулантните возила Министерството за здравство заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра. Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12 возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ). Нови возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку денови, откако тие ќе бидат регистрирани“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …