БИТОЛА: ИЗБРАН НОВИОТ ИЗВЕДУВАЧ НА РАБОТИТЕ ЗА УЛИЦАТА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

БИТОЛА: ИЗБРАН НОВИОТ ИЗВЕДУВАЧ НА РАБОТИТЕ ЗА УЛИЦАТА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Соопштение од Општина Битола:

По раскинувањето на договорот со фирмата МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола, Општина Битола спроведе постапка за избор на нов изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“. Денес на електронска аукција беше избрана фирмата која ќе изврши реконструкција на коловозот и тротоарите на ул. „Климент Охридски“ во Битола.

По критериумот најниска цена, победник на електронската аукција е фирмата „Еуроинвест Медиу“.

Од денот на потпишувањето на одлуката, учесниците имаат право на жалба во рок од осум дена, а по истекот на законските жалбени рокови, се очекува да се потпише договор со изведувачот и да се започне со асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.

Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби во однос на сите изведувачи.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …