Петмина загинати во судар на автобус и камион во Србија

Петмина загинати во судар на автобус и камион во Србија

Пет лица загинаа а шест се повредени, во директниот судар на камион со приколица и автобус, на патот помеѓу Куршумлија и Прокупље, Србија. На лице место загинале двајцата возачи, како и уште две патнички во автобусот на „Ниш експрес“, кој целосно изгорел. Петтата жртва им подлегнала на повредите во Клиничкиот центар во Ниш.

Во Клиничката болница во Ниш се згрижени уште две лица, а три лица кои се полесно повредени, пренесени се во болницата во Прокупље.

Според неофицијалните информации, автобусот ненадејно преминал во другата лента од патот и удрил во камионот, после што се запалил.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …