Општина Прилеп: Фирмата Нов Феникс Дабл 1 нема платено комунална такса за користење јавна површина

Општина Прилеп: Фирмата Нов Феникс Дабл 1 нема платено комунална такса за користење јавна површина

Реакција на Општина Прилеп на изјавата на лицето Бисерко Тркља: 

Општина Прилеп најостро ги отфрла обвинувањата од страна на лицето Бисерко Тркља, кој не е сопственик ни управител на фирмата Нов Феникс Дабл 1 (подружница),  за која што денес излезе со реакција во медиумите.

Како Општина, ве информираме дека објектот кој се наоѓа на посочената адреса, ги нема подмирено обврските по основ на комунална такса за користење на јавна површина пред деловен објект за поставување на урбана опрема за тековната 2019 година. Поточно, до 10.05.2019 година, до Општина Прилеп нема поднесено ниту барање за добивање на одобрение.

На истата адреса, правниот субјект за тековната 2018 година ги нема намирено обврските по истиот основ, за што е поднесена прекршочна пријава до Основен суд – Прилеп.

Општина Прилеп работи согласно позитивните законски прописи.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …