Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот (инфографик)

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот (инфографик)

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија кон Алијансата. Германија е најновата, 16-та земја, од вкупно 29 членки на Организацијата на северноатлантскиот договор, која го ратификуваше протоколот – анекс на оригиналниот Вашингтонски договор со кој во 1949 година е основан воениот сојуз.

Протоколот за пристапување на Македонија на 6 февруари во Брисел, во седиштето на НАТО, го потпишаа амбасадорите на земјите-членки, наместо министрите за внатрешни работи, за да се забрза процедурата за прием, која се очекува целосно да заврши до 70. јубилеен Самит на НАТО што во декември ќе се одржи во Лондон.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …