Претседателот Пендаровски се сретна со заменик-претседателот на Европската комисија, Могерини

Претседателот Пендаровски се сретна со заменик-претседателот на Европската комисија, Могерини

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Брисел оствари билатерална средба со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

На средбата, Република Северна Македонија уште еднаш доби силно признание за сработеното од заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика.

Федерика Могерини истакна дека останува цврсто на ставот дека Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за отпочнување на преговорите во периодот јуни – јули. Ова, посочи таа, ќе го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во текот на наредната недела.

Од регионот, беше посочено на средбата, доаѓаат и добри вести, а договорот од Преспа и договорот со Бугарија се примери како можат тешките прашања да се затвораат со храбри одлуки.

Република Северна Македонија е единствена во регионот која ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси.

Претседателот Пендаровски рече дека граѓаните на Република Северна Македонија, поради се што е направено и заслужено, очекуваат нашата држава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Тоа, посочи Претседателот, ќе биде од значење и за стабилноста на регионот.

Како Претседател на Република Северна Македонија ги повика лидерите на земјите-членки на Европската унија да ја зачуваат кредибилноста на проширувањето, врз основа на јасни и праведни критериуми за членство, во согласност со индивидуалните заслуги и постигнувања на секоја земја од регионот.

Првата меѓународна посета на Стево Пендаровски како пПретседател на Република Северна Македонија е Брисел. Претпладнево, тој оствари средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …