Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Mинистерката за правда Рената Дескоска, денеска изјави дека барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како организатор на настаните во Собранието од 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта.

– Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите пропратни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со цел барање за екстрадиција за 27 април – изјави Дескоска одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата посветена на функционалноста на АКМИС системот во судовите, во организација на Министерството за правда и амбасадата на САД.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …