Апликацијата „Мој воздух“ со нов дизајн

Апликацијата „Мој воздух“ со нов дизајн

По речиси пет години постоење, мобилната апликација „Мој Воздух!“ денеска доби свој редизајн, со нов интерфејс. Новитет е и маскотата Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух.

МојВоздух започна како иницијатива во декември 2014 година, и сега има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија, со план годинава да почне да се проширува низ Балканот, почнувајќи од Косово.

Освен како апликација за телефоните со Андроид и иОС, „Мој Воздух!“ е присутен и како веб-страница.

Следи над 50 мерни станици во Македонија, од три мрежи, како и сателитски податоци, а на веб-страницата има и мапа на загадувачи што може да ја пополнуваат корисниците, како и бројач на политички ветувања и други содржини.

Автор е Горјан Јовановски, софтвер-инженер и еко-активист, кој студирал во Скопје и во Холандија, а моментално работи за познатата компанија „Букинг“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …