Горива

За половина денар се зголемува цената на „eуросупер БС-98“ и дизелот

Малопродажната цена на дизелот, екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар. Цената на „еуросупер БС-95“ останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на „еуросупер БС-95“ останува 67 денари за литар, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 69,50 денари, на „еуродизелот“ 60,50 денари, додека на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 50 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,85 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,846 отсто или 10,20 долари, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,896 отсто или за 10,25 долари и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,322 отсто или за околу 1,25 долари.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,68 денари и е за 0,504 отсто повисок.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …