Комитет за интеграција на РСМ во НАТО: Финализираат реформите за полноправно членство на државата во НАТО

Комитет за интеграција на РСМ во НАТО: Финализираат реформите за полноправно членство на државата во НАТО

Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, вчера попладне одржа седница, со која претседаваше премиерот  Зоран Заев.

На седницата, членовите на Комитетот, се информираа за статусот и напредокот на реформите на безбедносните служби. Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, информираше за интензитетот на активностите и системските решенија преземени за структуирање на новоформираната Агенција (АНБ), следејќи ги критериумите и стандардите на Северноатлантската Алијанса.

Во рамки на денешната седница, беа разгледани и начините за воспоставување на безбедносна комуникација со НАТО и беа разгледани можности за обезбедување просторно решение за постојаната мисија на нашата земја како полноправна членка на НАТО.

Во продолжение на седницата, членовите на Комитетот разговараа и за одделни прашања кои се однесуваат на остварување на дадената рамка за продолжување на домашните реформикако и за текот на досегашната ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, од  страна на земјите-членки.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …