Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Илинден

Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Илинден

Почитувани сограѓани,

Илинден, е симбол на победата на македонскиот непокор.

Одбележуваме 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зашто врз темелите што тие ги поставија опстојува современа и самостојна Македонија.

Наша обврска е да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.

Нека ни е честит Илинден.

За многу години!

Градоначалник на Општина Прилеп

Илија Јованоски

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …