Делчево

Нов активен јаглен и кварцен песок во прочистителната станица за вода во Делчево

Во старата прочистителна станица во село Тработивиште од каде се преработува водата за пиење за Делчево и околните села, за прв пат по 25 години се поставува активен јаглен, а исто така и прв пат целосно се заменува кварцниот песок со нов. Оваа инвестиција е вредна околу 11.000 евра и е на товар на Општина Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски денеска направи увид во текот на работите при што истакна дека оваа инвестиција е локален придонес на Општина Делчево во рамките на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ кој Општина Делчево го имплементира со поддршка на швајцарски консултанти.

– Набавени се над 18 тони кварцен песок и 2,5 тони активен јаглен и во оваа прилика мора да забележам дека за прв пат по 25 години или од кога е пуштена во употреба прочистителната станица од каде со вода се снабдува Делчево и околните населени места, се менува активниот јаглен, а за прв пат и комплетно се менува кварцниот песок. Очекувам оваа инвестиција да го подобри квалитетот на водата за пиење во Делчево и да ги задоволи потребите до пуштањето во употреба на новата прочистителна станица за вода во рамките на проектот „Водоснабдување на Делчево“ кој го работиме со швајцарските консултанти  и со чија имплементација Делчево и селата Габрово и Ѕвегор, но и Вирче, целосно ќе го решат проблемот со квалитетот и количините на водата за пиење, истакна Трајковски.

Во претходниот период во партнерсво со ЈПКД „Брегалница“ беше извршено чистење и санирање на бунарите за вода кои беа оставени на забот на времето, а беше инсталирана и нов зафат и  дренажа во с. Разловци .

-Со овие активности обезбедуваме чиста вода за пиење и доволно вода за сите граѓани. Проблемите ги решаваме плански и одговорно и како градоначалник, посебно, не ги ставам под тепих проблемите кои имаат директно влијание врз здравјето на граѓаните, рече Трајковски.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …