Битола: Од денеска почнува наплаќањето на паркингот на сите јавни паркинзи

Битола: Од денеска почнува наплаќањето на паркингот на сите јавни паркинзи

Од денеска во Битола почнува наплатата на паркинг услугите на зонското паркирање во сите зони, како и на затворените паркинг простори во градот.

Од Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола, информираат дека возачите ќе користат паркинг простор со плаќање преку СМС порака, со купување на билет за паркирање или со поднесување на барање за добивање на повластена паркинг карта.

Цената на паркинг услугата во зона А изнесува 30 денари за период од 2 часа, а секој дополнителен час ќе се наплаќа по 25 денари. Во зона Б паркирањето ќе чини 20 денари за два часа и дополнителни 20 денари за секој нареден час, а паркирањето во зона Ц ќе изнесува 30 денари за цел ден.

Наплатата на паркинг услугите ќе се врши во времето од 07.00 до 21.00 часот, од понеделник до сабота. Во недела и во државни празници, на подрачјето на општина Битола паркирањето ќе биде бесплатно.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …