„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје

„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје

Aвиокомпанијата „Адриа ервејс“, привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје.

– Причина за привремениот прекин на летовите е последица на моменталната неликвидност на компанијата неопходна за непречено летање. Компанијата работи на изнаоѓање решенија во соработка со потенцијален инвеститор. Целта на сите засегнати е „Адриа Ервејс“ повторно да лета и дека прекинот на летовите е навистина привремен. Компанијата длабоко се извинува за ситуацијата на сите патници и партнери – се вели во соопштението од „Адриа Ервејс“.

„Адриа Ервејс“ ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети.

Од „Адриа Ервејс“ им препорачуваат на своите патници и партнери да ги следат онлајн соопштенијата на нивната официјална веб страница www.adria.si.

Компанијата е во сопственост на германскиот фонд „4К Инвест“, откако во 2016 година ги откупи акциите од словенечката влада.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …