Општина Аеродром ги надоместува трошоците за чистење оџаци

Општина Аеродром ги надоместува трошоците за чистење оџаци

Општина Аеродром го продолжува  доделувањето субвенции, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Денеска е објавен Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци. На граѓаните кои што ќе реализираат чистење оџак во тековната 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик а заклучно со 11 октомври 2019 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени при чистење оџаци, во висина од 1.000 денари по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае 15 календарски денови од денот на објавувањето, 27 септември 2019 година, заклучно со 11 октомври 2019 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …