Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата др. Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите се завршени над 90%.

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели Бочварски.
Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

„Цела економија ја раздвижува со експресните патишта на истокот којшто ги направивме, бидејќи таму од 19 век немаше нов пат направено. И за Кочани и Радовиш веќе го даваат резултатот. Имаме многу отворени нови фабрики и работни места“, вели Бочварски.

Покрај брзата комуникација и развојот на економијата, патиштата поминуваат и низ прекрасен предел од Македонија.

„На истокот се направи револуција со патиштата. Што е се ново? Сега е прво Св. Николе – Штип, Миладиновци – Штип автопатот преку Св. Николе, рехабилитиран е патот за Крива Паланка до Страцин, новиот пат, експресниот, и тој ќе заврши до крај на година, Ранковце – Крива Паланка. Понатаму Крива Паланка – Деве Баир до граничниот премин со трета лента, проширен го завршивме и пуштен е во употреба. Штип – Кочани, експресниот, што ќе значи дека порано возењето од Скопје до Кочани од саат и пол сега е скратено на помалце, околу 45 до 50 минути. Меѓутоа многу е битна безбедноста, значи ова се веќе нови стандарди на патишта коишто важат и во Европа“ – вели Филипче.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …