Османи и Поповски на работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Османи и Поповски на работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, учествуваа  на првата од серија работилници за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што денес се одржа во „Холидеј Ин“, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Областа за која денес разговараме – борбата против организираниот криминал и корупцијата, особено во насока на имплементацијата на принципот на Владеењето на правото, претставува една од најважните области за Европската Унија, и ова сум го повторил повеќе пати, област за која земјите – членки на ЕУ имаат низок степен на толеранција за евентуален неуспех“, истакна Османи во своето обраќање, именувајќи ја притоа борбата против организираниот криминал и корупција како континуиран бенчмарк за кој потенцираше дека ќе се бара постојан напредок и за време на преговорите, но и потоа како членки на Унијата.

„Стартот на преговорите почнува со поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права, каде најголемо внимание има токму оваа област – борбата против организираниот криминал и корупција. Како што знаете, ова поглавје се отвора прво, но се затвора последно, бидејќи е ова најважната област по која Европската Унија го цени напредокот на земјите“, додаде Османи.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски во своето обраќање потенцираше дека политичката волја за ефикасно решавање на овие прашања, како и воспоставен систем за ефикасна институционална борба со корупцијата и судирите на интереси, се неопходност доколку не сакаме, корупцијата, како општествена болест да ги опфати сите витални делови на заедницата и да биде закана за нејзиниот развој.

Понатаму тој истакна дека одговорноста, инклузивноста и транспарентно работење се во основата на превенција од корупцијата и дека Владата на РСМ која е на врвот во регионот според индексот на отвореност, неодамна усвои и Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата со цел за јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа.

„Со изборот на непартизирана антикорупциска комисија беше поставен еден од темелите на реформите на правосудниот систем . Со таа цел се дизајнираше и новиот Закон за спречување на корупција и судирот на интереси. Државната комисија за спречување на корупцијата е зајакната логистички и финансиски. Ја менуваме перцепцијата во јавноста, постои политичка волја и подготвеност на Владата за справување со корупцијата во државата“, додаде Поповски.

На оваа прва работилница, воведни обраќања имаа и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и проф. д-р Методиј Чепреганов.

По завршување на работилниците, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе пристапи кон анализа на добиените информации, по што ќе се подготви Национална стратегија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси 2020-2024 со Акционен план за нејзино спроведување, со прецизни рокови и со утврдување на клучните индикатори за следење на имплементацијата.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …