Делчево: Се гради атмосферска и фекална канализација во населба Басарица

Делчево: Се гради атмосферска и фекална канализација во населба Басарица

Во Делчево интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 краци од фекалната канализација во должина од 2 км, а градежните работи кои ги извршува ОСД „Кирил“ од Скопје треба да завршат до крајот на февруари. Средствата за изградба на овој инфраструктурен проект во висина од 6,8 милиони денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Исто така, во населбата Басарица во тек е и изградба на атмосферска канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување инсталации за атмосферска канализација во должина од 1 км. Досега се завршени 200 метри, поставувени се цевки Ф-315, а изградени се и 7 собирни шахти. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. По завршувањето на поставување на атмосферската канализација, ќе се пристапи кон изградба на планираните улици во населбата во должина 1 км.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …