Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО

Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на  Македонија во НАТО, објави министерот за надворешни работи Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил.

View image on Twitter

Остануваат уште две земји кои треба да го ратифукуваат протоколот, а тоа се Шпанија и Франција.

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние рече дека државата ќе го ратификува протоколот до крајот на годината.

Премиерот Зоран Заев пак, денеска оцени дека добро е што имало успешни избори во Шпанија.

„Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО“, рече Заев.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …