Трибина:„Каков ќе биде буџетот на Општина Крушево за 2020?“

Трибина:„Каков ќе биде буџетот на Општина Крушево за 2020?“

На 27 ноември со почеток во 18 часот во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“, Општина Крушево во соработка со здруженијата Finance Think и „Иницијативен глас“ ќе организираат јавна трибина на тема „Каков ќе биде буџетот на Општина Крушево за 2020?“.

На оваа јавна трибина ќе присуствуваат претставници од наведените здруженија, градоначалникот на Крушево Томе Христоски, претседателот на Совет, Тома Петроски и останатите советници. На јавната трибина граѓаните ќе имаат прилика да разговараат за тековни работи во однос на менаџирањето на јавните пари и да дадат предлози за буџетот за 2020 година кој е во фаза на изработка.

На настанот се поканети сите граѓани на општина Крушево, претставници на здруженија, бизнис сектор и други, а трибината е во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност: партиципативно буџетирање на општините“.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …