Крушево: Акција за пошумување околу манастирот „Св.Преображение“

Крушево: Акција за пошумување околу манастирот „Св.Преображение“

Денеска околу манастирот „Св. Преображение“ во непосредна близина на Крушево, се одржа акција за пошумување, на која беа засадени 4.000 дрвца.

Акцијата беше спроведена од страна на Општина Крушево и компанијата „СЕКЕ“, со поддршка на ПСШ „Липа“, СОУ „Наум Наумовски-Борче“ и ООУ „Никола Карев“. Од акцијата беа испратени пораки за зачувување на животната средина и одговорност кон околината во која живееме.

„Денес од манастирот ‘Св. Преображение’ на просторот каде пред само неколку седмици владееше огнена стихија, со засадување на дрва испраќаме пораки за заштита на животната средина и одговорност кон ‘белите дробови’ на нашиот град. Благодарам на поддршката од општествено одговорната компанија ‘СЕКЕ’, потоа на ‘Липа’, како и на средното и основното училиште. И во иднина ќе продолжиме да одржуваме вакви и слични активности“, изјави градоначалникто на општина Крушево, Томе Христоски.

Иницијативата за акцијата за пошумување, како минатата година така и оваа, дојде од компанијата за производство и преработка на тутун ‘СЕКЕ’ која има свој погон во индустриската зона во Крушево.

„Како општествено одговорна компанија продолжуваме да организираме и да учествуваме во акции кои го подобруваат животот на луѓето и ја подигаат свеста за заштита на животната средина. Оваа активност е дел од проектот кој го имплементираме, а се однесува токму на заштитата на животната средина и како ние самите да придонесеме за унапредување на состојбите. Благодарност до Општината за овогодинешната поддршка и до сите што се вклучија“, изјави директорот на „СЕКЕ“, Јане Станкоски.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …