СВР Битола: За продажба на петарди и други пиротехнички материјали, предвидени се парични и затворски казни

СВР Битола: За продажба на петарди и други пиротехнички материјали, предвидени се парични и затворски казни

Се известуваат граѓаните и правните субјекти на подрачјето под надлежност на СВР-Битола дека е забранета  и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали и согласно чл.396 ст.4 од КЗ на РСМ за ова кривично дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.

Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети, губење вид и сл, а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани Согласно чл.2 и чл.31 од ЗППЈРМ, за прекршителите се предвидени парични казни во противвредност од 200-500 евра, а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид, заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност.

СВР-Битола ќе презема континуирани, редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на горенаведените законски одредби.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …