Претседателот Пендаровски ја посети Македонската академија на науките и уметностите

Претседателот Пендаровски ја посети Македонската академија на науките и уметностите

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја посети Македонската академија на науките и уметностите.

 На средбата со актуелното и со новоизбраното раководство на МАНУ беа разменети информации и мислења за актуелните активности на академијата, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во државата, како и за плановите за идните активности по стапувањето на функција на новото раководство од 1 јануари 2020 година.

 Претседателот Пендаровски беше информиран за тековната реализација на национални и меѓународни проекти од страна на академијата, како и за меѓународната соработка со други академии. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката меѓу Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и МАНУ.

 Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешен мандат на новото раководство на МАНУ, со претставниците на академијата размени мислења и информации за актуелните состојби во Република Северна Македонија, за нејзините аспирации за членство во Европската унија, како и за состојбите во регионот. Претседателот Пендаровски, на средбата, се осврна и на неговите меѓународни активности.

 На средбата стана збор за усвоената Повелба за македонскиот јазик од страна на Собранието на МАНУ, на седницата одржана на 3 декември. Според претседателот Пендаровски, постоењето на македонскиот јазик е факт и беспредметни се сите обиди за негово негирање, ревизии и толкувања надвор од научната сфера.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …