ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Повеќе од 45 заинтересирани економски оператори, од земјата и странство, за постапката за „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во општина Битола“, денес имаа можност на терен да извршат увид на локацијата каде што треба да се изгради пречистителната станица и колекторскиот систем.

Со рехабилитацијата и доизградбата на канализационата мрежа и заокружувањето на процесот со прочистувањето на урбаните отпадни води, со изградбата на Пречистителната станица, се решаваат долгогодишните проблеми предизвикани од директното испуштање на водите во реката Драгор и Петтиот канал. Завршувањето на изградбата на планираните објекти кои се дел овој проект ќе придонесе за решавање и на голем број од проблемите кои беа честа појава и при мали врнежи, а како последица на загушувањето на канализацијата.

Крајниот рок за доставување на понуди за оваа постапка која на 11 ти ноември, ја објави Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, е 10.02.2020.

Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата изнесува 27,8 милиони евра.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …