Информација од АМСМ за состојбата на патиштата

Информација од АМСМ за состојбата на патиштата

Од 07:55 часот, на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар, задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.

Поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и намети, на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила. На патниот правец Тетово – г.п.Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.

Од 07:55ч на патниот правец Делчево – г.п. Делчево се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (синџири) за тешките товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …