Повредените во несреќата во Романовце хоспитализирани во Скопје

Повредените во несреќата во Романовце хоспитализирани во Скопје

Седуммина повредени во денешната несреќа предизвикана од експлозија на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три деца, се донесени на Клиниките во Скопје.

Тројца од нив се во животозагрозувачка состојба, информираат од Клиничкиот центар и Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје.

Во Ургентниот центар во Скопје се префрлени четворица пациенти, од кои двајца се во критична состојба и тие се префрлени на КАРИЛ со изгореници на поголема површина по телото, а другите двајца се во тешка, но стабилна состојба на Пластична хирургија.

Несреќата со експлозијата на плинската боца се случи околу 10 часот изутрината , на приземјето на семејна куќа каде што се наоѓале повеќе членови од семејството

СВР Куманово соопшти дека од експлозијата настанал пожар во кој трите деца починале на лице место.

Противпожарната единица интервенирале за гаснење на пожарот што кај нив бил пријавен во 10:10 часот, а го гаснеле до 11.10 часот.

 

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …