Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за да не ни се случи како што се случуваше, во некоја училница тестаторот да го нема и учениците да си прават селфи, вели Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање се одржа во четири големи простории во училиштето. Целта на надлежните во Државниот испитен центар (ДИЦ), била да согледаат како ќе тече процесот на полагање во големи простории, наместо во училници, како до минатата година.

„Задоволни сме како организациски помина процесот. Во средно Медицинско се полагаше во два хола, како и во другата зграда во која има ист таков простор. За главното полагање побаравме да се наместат клупи во еден од ходниците. Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за не ни се случи како што се случуваше, во некоја училница тестаторот да го нема и учениците да си прават селфи“, вели Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ.

Годинава има измена во процедурите за полагање државна матура.

„Им дадовме на матурските комисии насоки како да го организираат просторот, тие го направија тоа. Објавивме списоци и секој ученик знае каде треба да седне. Има тестатори, секој од нив се грижи за својата група и одржува ред за време на полагањето. Годинава сите матуранти ќе полагаат во големи простори, нема да има полагање во училници, дури и онаму каде што има мал број матуранти“, додава Михајловска.

Државната матура е услов за упис на факултет. Годинава полагањата се на 1 и на 8 јуни. Минатата година, по предметот англиски јазик, 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници. Имало преписи и на есеите и им беа бодувани со 0 поени.

Идејата за полагање во поголеми простории наместо во училници, е стара. Целта е целиот процес да биде потранспарентен и пообјективен.

Веќе долго време се заговара и идејата за набавка на блокатори за Интернет со кои ќе се оневозможи препишување. Мета.мк се обрати до министерот за образование и наука (МОН), за тоа дали за годинава се планира набавка и поставување блокатори за да се оневозможи комуникација преку телефони, но не добивме одговор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прилеп: Наградата за владиката Петар ги избрка советниците на СДСМ и Коалицијата од свечената седница на Совет

Прилеп: Наградата за владиката Петар ги избрка советниците на СДСМ и Коалицијата од свечената седница на Совет

Соопштение за јавност на СДСМ по повод одлуката на мнозинството во Советот на општина Прилеп, …