ФЗО

ФЗО протестира – се бараат повисоки плати и разрешување на Управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување протестираат денес во 11 часот, а се закануваат со штрајк од 1 јуни доколку не се исполнат нивните барања

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.

Нивните барања вклучуваат разрешување на Управниот одбор на Фондот, усогласување на платите на вработените со минималната плата, како и задржување на вредноста на бодот за пресметка на платите и по 31 мај 2024 година.

Вработените во ФЗО веќе штрајкува три дена во февруари, со тоа што работеа само на итни случаи. Штрајкот заврши откако падна договор платите да останат исти до крајот на мај, односно да се пресметуваат по истиот бод како претходно.

Токму поради тоа што тој договор истекува во мај, вработените во ФЗО се закануваат со нов штрајк од 1 јуни, доколку не се исполнат нивните барања.

Дополнително, вработените бараат да се разреши управниот одбор бидејќи тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати. Дополнително, вработените велат дека се разочарани од односот на членовите на одборот, кои, според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал изминатата недела – точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за по изборите.

Во однос на зголемување на платите, Деановски потенцира дека истиот состав на Управниот одбор лани без проблем донел одлука за усогласување на платите и дека не му е јасно зошто истиот не може повторно да го стори тоа и оваа година. Тој вели дека целта на денешниот протест е да се изврши притисок врз одборот веднаш да заседава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …