Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола“, ова вечерва го кажа д-р Венко Филипче на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Неготино.

Филипче како носител на листата на пратеници во ИЕ 4 пред граѓаните во Неготино исто така рече дека намерите СДСМ да биде поделена е маска зад која се крие награда за ВМРО-ДПМНЕ.

„Ве повикувам да им спротивставиме на оние кои очигледно сакаат СДСМ да биде поделена. Нека не ве лажат кога ви кажуваат дека глас за ЗНАМ е глас за социјалдемократска партија. Или дека пак тоа не е против СДСМ. Така лажеа пред првиот круг, така веќе не можат да лажат. Последниве 2 дена паднаа маските и станува јасно дека глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин не се казнува СДСМ, само се наградува ВМРО-ДПМНЕ. Да владее без контрола и без разум“, рече Филипче.

Тој исто така потенцираше дека силно верува дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола.

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола. Сите ние знаеме добро што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ е без контрола: стануваат насилни, владеат со страв и уцени, ги користат новите партии како ЗНАМ и ги елиминираат кога веќе не им се потребни. Одговорни сме тоа да го спречиме“, рече Филипче во Неготино.

Прочитајте повеќе

Синдикатите немаат намера да ја менуваат минималната кошничка

Синдикатите немаат намера да ја менуваат минималната кошничка

Што е реалната цена на животот во Северна Македонија за четиричлено семејство? Премиерот Мицкоски бара …