Прилеп: Од денеска, автобусите на градскиот превоз ќе возат до 18 часот

Прилеп: Од денеска, автобусите на градскиот превоз ќе возат до 18 часот

ЈП за ПУП Прилеп ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека од денеска, петок 13-ти март, ќе има редуциран возен ред, односно автобусите на сите три линии ќе сообраќаат до 18:00 часот. Последното тргнување на автобусите од почетните постојки, ќе биде во 17:30 часот.

Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се’ до наредните препораки.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …