Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои една пациентка е излекувана, а двајца се починати.
Новите 22 заболени лица се од Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
„Според местото на живеење, досега 81 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, 40 во Дебар (од кои еден починат), седум во Штип, три во Куманово (од кои еден починат), по двајца пациенти во Кавадарци и во Охрид и едно лице во Гостивар.