МОН објави упатство за оценување на учениците

МОН објави упатство за оценување на учениците

Бирото за развој на образованието во соработка со Центарот за стручно образование и обука изготви упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на реализација на настава преку далечинско учење, односно учење од дома.

Во упатството наведени се техники и методи погодни за формативно оценување на напредокот на учениците со користење на електронски платформи и мрежи. Тоа ги вклучува есејските прашања (употреба на е-пошта), избработка на проекти (преку работа во група), Скајп или Вибер дискусии (или дискусии преку други мрежи и платформи), мултимедијални презентации, изготвување постери (преку работа во група), проекти/истражувачки задачи (преку работа во група), тестови на знаења (може да се проследат преку социјалните мрежи, е-пошта или преку платформа), контролни вежби на учениците и ученицчко е-портфолио.

Наставниците ќе можат да користат прашалник и квиз алатка за да направат тествови за тестирање со задачи и прашања со повеќечлен избор, отворени прашања, прашања со надополнување и кратки одговори и тоа преку користење на различни алатки за споделување на материјали, како што се: Google Forms, OneNote, Linolt, Padlet, Zoom, Kahoot, Mentimeter, Socrative, Microsoft Teams, SurveyMonkey, Quizlet, Edmondo, ClassDojo, Мој глас и други.

Според упатството, тестовите не треба да се обемни, односно се препорачува да содржат најмногу десетина суштински задачи или прашања.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …