Двајца пациенти починаа од компликации од корона вирусот

Двајца пациенти починаа од компликации од корона вирусот

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, а починатиот од Дебар имал ХОБ (хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

„Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени се 44 нови случаи на коронавирус во земјата. Во Куманово 23, во Скопје 11, Тетово четворица пациенти, Битола тројца, Струга двајца и во Прилеп има еден новозаболен пациент. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 329 лице. Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата „Биотек“ и 80 преку болницата „Филип Втори“. До сега се направени вкупно 3.518 тестови на Ковид-19,“ стои во соопштението од Министерството.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …