Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова - онлајн премиера во сабота

Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова – онлајн премиера во сабота

НУ Театар Комедија заедно со Општина Аеродром, го реализираат Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“. На последното издание на Фестивалот кое се одржа во септември 2019 година, за прв пат беше воведена и наградата за животно дело „Анче Џамбазова“, во чест на една од нашите најголеми актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. Управата на театарот и Општина Аеродром предводена од градоначалникот Златко Марин, донесоа одлука да биде снимен и документарен филм за Анче Џамбазова, кој имаше своја премиера во рамките на „Гола месечина 2019“.

Градоначалникот Марин и директорот на Театар Комедија, по одржаниот работен состанок преку видео врска, одлучија документарниот филм за Џамбазова да биде прикажан и пред пошироката јавност, односно да биде емитуван онлајн на 4 април, сабота, со почеток во 20 часот на You Tube каналот, на кој се емитуваат претставите на Театар Комедија.

Филмот е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот, обезбедени од страна на Општина Аеродром. Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија, Гоце Трајковски.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …