Информации за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, сабота 4-ти април:
- Во самоизолација се наоѓаат 134 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.
- Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.
- Според последната информација, еден од лекарите во Инфективното одделение е позитивен на тестот за коронавирус, другиот лекар се наоѓа во самоизолација. Од понеделник, 6-ти април, Инфективното одделение ќе функционира согласно Оперативниот план за работа во услови на епидемија, односно пандемија и тогаш ќе биде утврдено дали постои потреба од дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија во болницата.
- Досега од коронавирусот се инфицирани три лица од здравствените институции во градот, вклучувајќи го и лекарот од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.
- На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.
- Еден од административните работници во компанијата „Гентерм“ е позитивен на тестот за коронавирус, заради што од понеделник, 6-ти април, фабриката ќе биде привремено затворена.