Крушево: Доделени пакети на социјално загрозени семејства, акцијата продолжува од понеделник

Крушево: Доделени пакети на социјално загрозени семејства, акцијата продолжува од понеделник

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, вработени во локалната самоуправа, ТППЕ Крушево, Армијата и волонтери, денеска поделија 150 пакети со прехранбени производи кои општината ги доби како донација од „Витаминка“.

Пакетите се поделија во социјално загрозени семејства во градот и дел од населените места, а оваа акција ќе продолжи и од понеделник.

„Навистина ми е драго што со ‘Витаминка’ успеавме да поттикнеме насмевка кај семејствата од социјален ризик, барем на кратко во овие тешки моменти. Свесен сум дека овие пакети можат само краткорочно да ги задоволат потребите на моите сограѓани, но не значи дека со оваа акција завршуваме. Ќе продолжиме да помагаме на оваа група на граѓани, а од понеделник ќе ги опфатиме и останатите населени места“, изјави градоначалникот Христоски.

Градоначалникот им се заблагодари на сите кои учествуваа во оваа акција, бидејќи тие покажале храброст и желба да им помогнат на своите сограѓани.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …