Прилеп: Четири новозаболени лица од коронавирусот, исплатени средствата за штетите од невремето во 2018 и 2019 година
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Прилеп: Четири новозаболени лица од коронавирусот, исплатени средствата за штетите од невремето во 2018 и 2019 година

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, со што вкупниот број се искачи на 50. Во самоизолација се наоѓаат 159 лица, а изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

Земјоделците од општина Прилеп кои имаа пријавено штети настанати како последица од невремето во 2018 и 2019 година, денеска ги добија своите пари. Имено, Општина Прилеп денеска на 1.444 лица им ги исплати предвидените средства во висина од 39 милиони денари.

За време на полицискиот час во викендот, сите земјоделци кои се жители на Прилеп и чии ниви се наоѓаат на територијата на градот, можат без дозвола и без пријавување во полиција да појдат и да ги завршат земјоделските работи. За останатите граѓани, чии ниви се во друга катастарска општина, односно од Прилеп треба да појдат во Мало Коњари, Штавица или други населени места, за нив е задолжително да имаат дозвола. Доколку изминатите денови од некоја причина не успеале да извадат дозвола, ќе треба да се јават на телефонскиот број 192 и таму да го најават своето одење до земјоделските површини.

Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота и недела, 11 и 12 април:    

Дежурни маркети:

„ФУТУРА“………………………..тел:075 395 408

„СТИБЕРА“………………………тел:076 741 572

„ИРНЕКС“………………………..тел:075 308 683

„ТИНЕКС“………………………..тел:071 275 684

„БОНИТА“……………………….тел:070 353 609

„ЏИМИ МАРКЕТ“……………..тел:076 790 772

„МЕГА МАРКЕТ ПАТА“…….тел:070 259 199

Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.

Дежурна аптека:

„Каракаш 2“…………………….тел:072 573 175

Работното време на аптеката е 24 часа

„Зегин“……………………………тел:071 279 721

Во сабота и недела аптеката ќе работи од 07.00 до 15.00 часот

Волонтерска служба на Општина Прилеп:

Контакт телефони: 048/401-700 и 0800 00 210

Во деновите од викендот, сабота и недела, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …