Продолжува изградбата на канализација во Норово

Продолжува изградбата на канализација во Норово

По краткиот застој на работите, како последица на пандемијата со коронавирусот, Општина Крушево ги продолжи активностите од првата фаза за изградба на фекална канализација во с.Норово.

Како што изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, градежните активности во с. Норово продолжуваат со целосно почитување на мерките, а се преземаат сите неопходни чекори за безбедност на работниците при извршувањето на нивните активности.

Овој проект е имплементиран од страна на Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски, со средства на Европска инвестициона банка во висина од 10.972.424 денари.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …