Прилеп: Дванаесет оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19

Прилеп: Дванаесет оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19

Состојба со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 11-ти мај:

  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани 2 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 234 лица;
  4. За време на викендот, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во општина Прилеп вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …