Утре лидерска средба во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Утре лидерска средба во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Утре, 12 мај 2020 година, вторник, со почеток во 13:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата се поканети и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …