Во Прилеп денеска регистриран еден новозаблен од коронавирус

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 12-ти мај:

  1. Во општина Прилеп денеска е евидентиран еден нов случај на КОВИД-19, а до овој момент нема информација за новоизлекувани пациенти од оваа заразна болест;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица, од кои 11 се позитивни на коронавирус а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 234 лица;
  4. Во изминатото деноноќие, немало нарушување на полицискиот час.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …