Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Државната изборна комисија

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Државната изборна комисија

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија, која следува по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.

На средбата беше договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …